Научна база „Мачу Пикчу“ — перуански поларен научно-истражувачки објект на Антарктикот, основан да спроведува антарктичко истражување за геологија, климатологија и биологија. Поконкретно, неговата цел е да го проучи геолошкото минато на континентот, потенцијалните морски ресурси, јачината на ветерот, загадувањето на воздухот и адаптацијата на животните во замрзната средина. Базата е именувана по локалитетот за светско наследство Мачу Пикчу.
Географија Сместена на 62°С, базата Мачу Пикчу е една од најсеверните населби на Антарктикот. Таа, заедно со базата „Артигас“, базата „Карлини“, станицата Арктовски и Вила Лас Естрељас, ги формира единствените човечки населби на Островот на Кралот Џорџ, на заливот на Адмиралитетот.
Истражувачка база и експедиции Базата Мачу Пикчу спроведува годишни научни експедиции на Антарктикот. Базата спроведува различни научни проекти како што се истражување на крилот и неговиот потенцијал како алтернативен извор на храна за луѓето, како и геолошки, биолошки, хидрографски и геофизички истражувања, според одредбите на Антарктичкиот договор. Базата работи со радар кој ги мери горните атмосферски ветрови и обезбедува податоци за влошувањето на озонската обвивка.
Бидејќи Антарктикот е континент со вредно стратешко, еколошки и економско значење, Перу има интерес да го задржи својот статус на немилитаризирана зона на мир без јадрено оружје и да ја зачува својата животна средина, која е важна за перуанската клима. Неговите ладни води, потеклото на Хумболтовата струја, се од суштинско значење за морските и крајбрежните екосистеми на Перу.
Од 1988 година, одржувањето, снабдувањето и транспортот на персоналот за базата се врши од страна на научно-истражувачкиот брод на Институтот, БИЦ Хумболт. Меѓутоа, во 2017 година, перуанската влада го заменила тој брод со својот нов истражувачки брод од поларна класа 7 БАП Караско.
Перуански претензии Во 1976 година, Географското друштво на Лима побарало право на сектор на Антарктикот помеѓу меридијаните 81°20' западно (што одговара на Пунта Парињас) и 75 °40' западно (што одговара на Јужна плажа Ринконада). Оваа иницијатива довела до декларација на перуанското уставно собрание на 3 мај 1979 година:Сепак, барањето не е официјално признаено како едно од територијалните барања на Антарктикот .
Во 1981 година, директорот на ,Перуанскиот институт за антарктички студии Луис Вилчез Лара, дал изјава за печатот изразувајќи го својот став дека Перу има право на антарктичкиот сектор од 600.000 km2 помеѓу меридијаните 84° и 90° западно и до јужниот пол.Relaciones internacionales del Perú. Pág. 160. Author: Eduardo Ferrero Costa. Editor: Centro Peruano de Estudios Internacionales, 1986El Perú y la cuestión antártica. Pág. 65. Author: Beatriz Ramacciotti de Cubas. Editor: Centro Peruano de Estudios Internacionales, 1986
На 10 април 1981 година, Перу се приклучил на Антарктичкиот договор како членка приврзаник, со глас при донесувањето на сите одлуки поврзани со јужната област. Меѓутоа, при согласувањето со Договорот, Перу ги задржал своите права на територија и влијание врз климата на Антарктикот, екологијата и морската биологија, покрај континуитетот на геологијата и историските врски. Во 1989 година кога била основана базата Мачу Пикчу, таа се здобила со статус на советодавен член во рамките на Антарктичкиот договор.
Во 1993 година, Уставотворното собрание ја продолжила декларацијата од 1979 година:
Регулаторни органи Перуанската влада создала Национална комисија за прашања на Антарктикот (CONAAN) во јули 1983 година како техничко тело составено од различни агенции. Таа се занимава со:
советување на владата за прашања на Антарктикот во врска со правото, политиката, економијата, науката и технологијата. исполнување на националната цел за обезбедување на перуанско присуство на Антарктикот следење на заштитата и зачувувањето на неговата животна средина.
На 20 ноември 2002 година CONAAN бил реконституиран како Перуански антарктички институт (INANPE), децентрализирана агенција инкорпорирана според домашното право и има научна, техничка, функционална, економска и административна автономија, организирана под Министерството за надворешни работи.Peruvian Congress Law #27870. Ги има истите задачи како CONAAN, а на врвот ги координира сите перуански активности на Антарктикот.
Наводи
Надворешни врски Official website INANPE Instituto Antártico Peruano COMNAP Antarctic Facilities COMNAP Antarctic Facilities Map
Категорија:Науката и технологијата на Антарктикот Мачу Пикчу Категорија:Јужни Шетландски Острови Категорија:Координати на Википодатоците