Методи Чепреганов (, - , ) — македонски лекар, специјалист во областа на невропсихијатрија и епилептологија.
Образование
1962 год. Медицински факултет – Скопје; 1968 год. Специјализација по невропсихијатрија на Медицински факултет – Скопје; 1972-1973 год. Постдипломски субспецијалистички студии во Белгија во Клиниката за Електроенцефалографија; 1974-1975 год. Специјалистички студии по Клиничка електроенцефалографија во лабораторија и епилептологија LENA во Париз, Франција; 1978 год. Стручно доусовршување за компјутерска томографија во Белгија и Англија; 1994-1996 год. Субспецијализација по анатамна морфологија (компјутерска томографија и магнетна резонанца);
Работно искуство Од 1969 г. работел на Клиниката за нервни и душевни болести при Медицински факултет во Скопје. Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор, одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје;
Од 2006 г. работел во Болницата Невромедика во Скопје
Научно и професионално достигнување Учествувал на бројни европски и светски конгреси, а објавил и над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата меѓу кои позначајни се:
Imagerie des épilepsies, Paris 1996; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2006; Neuro-imagerie diagnostique-Еpilepsies Paris, 2007; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2012.
Признанија и оставштина Методи Чепреганов како невропсихијатар-епилептолог беше во самиот врв на македонската медицинска наука. Членувал во Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје и во Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орденот „Palmes Academiques“ од страна на претседателот на француската влада, во име на Министерството за наука.
2022 - Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на науката (постхумно).
Наводи
Надворешни врски Интервју за „Во центар“ на Јутјуб
Категорија:Македонски лекари Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“