Фрабозана ― сорта на овци од долините и областа околу Мондови во покраината Кунео, во Пиемонт во северозападна Италија. Името го зема од комуната Фрабоза Сопрана и Фрабоса Сотана, и некогаш била најбројната сорта на овци во Пиемонт. Се одгледува во долините Гесо, Грана, Песјо, Верменања иМонрегалези во покраината Кунео и во долината Пеличе во покраината Торино. Две подсорти се признаени во рамки на сортата, Роашино во Лигурските Алпи и малку помалата Фрабозана израсната во областа на Мондови. Фрабозана е една од четириесет и двете автохтони месни сорти на овци со ограничена распространетост за која има овчарска книга од Националното здружение за овчарство (италијански: Associazione Nazionale della Pastorizia).
Статусот на зачувување на расата бил наведен како „не е изложен на ризик“ од ОХЗ во 2007 година. Во 2013 година вкупниот број за сортата бил 4284.
Наводи
Категорија:Храна од Ковчег на храната Категорија:Овчји сорти со потекло од Италија