Назли Толга Бренинмаер (; родена на 8 ноември 1979 година, Анкара) е турско-холандскa новинарка и презентерка на вести. Назли Толга е родена на 8 ноември 1979 година во Анкара. Основното образование Назл Толга го завршила во Истанбул, а гимназијата на Американскиот приватен колеџ Усќудар. Таа дипломирала на Универзитетот Мармара, отсек новинарство а својата професионална кариера како репортер на Канал Д ја започнала во 1998 година и на таа позиција останала до 2003 година.
Потоа се преселила во Шоу ТВ и СКИ Турк како презентерка на вести во 2003 година и на тој начин ја започнала својата прва независна информативна програма на 24-годишна возраст. Таму останала до септември 2007 г. кога започнала да води вести на ФОКС. На 14 јуни 2013 година, Толга ја напуштила позиција како водителка на вечерните вести на ТВ Фокс поради нејзиниот брак и последователно преселување во странство. Толга има добиено многу новинарски награди, вклучувајќи ги Медја Фарези и Алтин Келебек, а работела и како наставник за медиуми и комуникација во медиа школа во Истанбул.
Таа е во брак со холандскиот стопанственик Лоренс Бренинмаер од 31 август 2013 година. Таа е мајка. Покрај тоа, Назли Толга има постара сестра по име Еда, родена во 1978 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Турски новинари Категорија:Родени во 1979 година