Бад Ротенфелде (до 1905 година: Ротенфелде; ) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото е признато одморалиште и лековита бања.
Местото е сместено на Тевтобуршката Шума, околу 20 километри југоисточно од безокружниот град Оснабрик, помеѓу Хилтер на Тевтобуршката Шума и Дисен на Тевтобуршката Шума.
Географија Местоположба
Бад Ротенфелде се наоѓа неколку километри јужно од Тевтобуршката Шума на премин кон Источна Вестфалија и во триаголникот на градовите Билефелд, Минстер и Оснабрик. Највисока точка е „Клајне Берге“ (208 метри; Kleine Berg).
Општински единици
Кон Бад Ротенфелде припаѓаат местата Ашендорф и Штранг.
Соседни општини
Бад Ротенфелде на запад се граничи со Бад Лар, на север со Хилтер на Тевтобуршката Шума, на исток со Дисен на Тевтобуршката Шума, додека на југ со градот Ферсмолд во округот Гитерсло (Северна Рајна-Вестфалија).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Оснабрик (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија Категорија:Бањски градови во Германија