Бипен () — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Бипен се наоѓа на север од ридскиот масив Анкумер Хее и се граничи на североисток со областа Артланд, како и на запад со округот Емсланд. Главното место се наоѓа околу 40 километри северозападно од безокружниот град Оснабрик. Градот Линген (Емс) се наоѓа околу 30 километри на запад.

Општински единици

Општината е составена од следниве единици:

Бипен Далум Хартлаге-Луле Клајн Бокерн Лонербеке Орте Ортермерш Фехтел Реструп Ханеберг-Брокхаузен

Соседни општини

Бипен се граничи на север со Берге, на исток со Егермилен, на југ со Фирстенау, додека на запад со округот Емсланд со општините Андервене, Хандруп и Ветруп.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оснабрик (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија