Сите Солунски Светители () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во населбата Харилау, во дворот на Вишата духовна акадмеија. Сместена е на улица „Николаос Пластирас“ бр. 65.

Храмот е дел од парохијата на „Св. Никола и Св. Димитриј“. Каменот-темелник е поставен во 1994 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски. Црквата е свечено отворена во 2005 г. од митрополитот Антим Солунски. Градбата претставува крстовидна базилика со купола. Проектирана е од архитектот Константинос Хаѕикостас.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Сите Солунски Светители Сите Солунски Светители, Солун Категорија:Појавено во 2005 година