„Очудувања 1-2“ — збирка куси раскази од повеќе македонски автори, објавена во 2018 година од издавачката куќа „Бегемот“ во рамките на едицијата „Наше маало“.
Содржина Очудувања 1 Првиот дел од збирката содржи 14 раскази:Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018. Виолета Бојковска, „Корангал“ Ѓорѓи Крстевски, „Не ме терај да се повторувам“ Ѓорѓи Крстевски, „Неверојатна приказна“ Ѓорѓи Крстевски, „Невидливиот самоубиец“ Сања Михајловиќ-Костадиновска, „Уште еден ангажирна расказ, Јеби га“ Тихо Диковски, „Свесте тесе!“ Мануела Златкова, „Психијатар“ Зоран Василевски, „Нема време“ Исток Улчар, „Писмо до родителите“ Филип Љ. Трајковски, „Одлука (новела)“ Стефан Марковски, „Неконвенционална промоција на книга Хактан Исмаил, „Ебру“ Тони Димитров, „Писмо“ Грација Атанасовска, „Патувања“
Очудувања 2 Вториот дел од збирката содржи 17 раскази: Мира Смаќоска-Танеска, „Неба“ Мира Смаќоска-Танеска, „Man in the Moon“ Мира Смаќоска-Танеска, „Слепило“ Мира Смаќоска-Танеска, „Комплименти“ Сања Михајловиќ-Костадиновска, „Булки без саксија“ Филип Љ. Трајковски, „Атараксија или сцена од (блазираниот) блажениот живот“ Иван Лазаров, „Гласови“ Живко Гроздановски, „Ненадејно“ Виолета Бојковска, „Сонце“ Ѓорѓи Крстевски, „Никој“ Билјана Ѓонеска, „Повторливата смрт на превртливата јагула“ Калиа Димитрова, „Отсуство Наташа Сарџоска, „Мокра до гола кожа“ Драгана Евтимова, „(За)мислени градови“ Мања Величковска, „Аристотел, ебиветер си“ Стефан Марковски, „Сепак сме светлина“ Златко Ѓелески, „Отпушок“
За книгата Во збирката се вклучени расказите избрани на првиот конкурс на издавачката куќа „Бегемот“ со наслов „Очудувања“ чија цел е да им се даде поддршка на поголем број квалитетни македонски писатели кои ѝ се опираат на зачмаеноста, но и да се откријат нови автори. Иако во збирката преовладуваат кратките раскази, сепак во неа има и прозни изрази кои се наоѓаат на границата со соседните, па и со туѓи дискурзивни регистри. Некои од авторите застапени во збирката се веќе етаблирани имиња на македонската книжевна сцена, а другите се нови автори кои го привлекуваат вниманието со свежината и необичноста на својата творечка постапка.Андреј Јованчевски, „Предговор“, во: Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 9-11.
Технички одлики Збирката, со обем од 155 страници и димензии од 19 сантиметри, е испечатена во 2018 година, во печатницата „Графоден“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-84-0.Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 73. Графичкото уредување е дело на Наталија Лукомска, јазичната редакција ја извршил Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева. Објавувањето на книгата било финансиски помогнато од Министерството за култура на Македонија.Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 2.
Наводи
Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Македонски раскази Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2018 година Категорија:Книги од 2018 година