Свети Димитриј и Свети Стефан () — црква во селото Стибан, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Храмот е изграден во XIX век. Претставува трикорабна базилика со припрата на запад, трем на запад и делумно на југ и камбанарија во југозападниот агол на дворот. Царската икона на Исус Христос се смета за чудотворна. Во црквата има икона „Успение Богородично“ на зографот Михаил Димов (Михаил Димопулос).
Во 1982 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Димитриј Стефан, Стибан Димитриј Стефан, Стибан Категорија:Споменици на културата во Бешик