Вознесение Христово ( — женски манастир во селото Шипша, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирот е сместен во селото, кое се наоѓа во источните падини на планината Боздаг и северно од градот Драма. Основан е во 1930 г. од понтскиот монах Ѓорѓи Карслидис (1901 - 1959), кој е погребан во манастирот и подоцна прогласен за светец. Во 1970-тите со заложби на митрополитот Дионисиј Драмски изграден е нов манастир. Сестринството се занимава со изработка икони, везење на срма, плетење и свеќарство.
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Вознесение Христово, Шипша Вознесение Христово, Шипша Вознесение Христово, Шипша Вознесение Христово, Шипша Категорија:Појавено во 1930 година