Свети Архангели () — црква во селото Кобалишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е сместена во центарот на селото. Големината ѝ изнесува 15,30 × 6,05 м. Има женска црква и трем на западниот дел од јужната страна и петаголна апсида на исток. Има двоводен покрив со триаголни засеци на косите страни. На вградена плоча западно од јужниот влед се вели дека црквата е изградена во октомври 1820 г. Во источниот агол на дворот има камен, на кој е напишан датумот на завршување на камбанаријата — 1 март 1886 г. Натписот на ктиторската плоча гласи:
Според Георги Стрезов, во 1891 г. црквата била потчинета на Бугарската егзархија.
Во 1992 г. храмот е прогласен за споменик на културата.
Литература
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Архангели, Кобалишта Архангели, Кобалишта Категорија:Споменици на културата во Просечен (општина) Категорија:Појавено во 1820 година