Ходинската трагедија () се случила како резултат на стампедо на , на Ходинско поле во Москва, Русија. Стампедото се случило за време на прославата по повод крунисувањето на последниот руски император, Николај II. На лице место починале 1,282 луѓе, Translated from French: а повредени биле од 1,200 до 20,000 луѓе според различни проценки.
Заднина Николај II и неговата жена Александра биле крунисани за император и императорка на Русија на . Четири дена подоцна требало да се одржи прослава за народнот на Ходинско поле. За прославата на крунисувањето биле изградени повеќе времени објекти, вклучително и 20 дрвени бараки за раздавање на 300 000 буриња пиво и медовина и 150 места за распределба на 400 000 комплети со подароци. Комплетите со подароци се состоеле од украсена емајлирана чаша, лепче, колбас, слатки, крпа и торба. Планирано било да се раздадат и комеморативни монети.
Судирот Околу 6 часот утрото на денот на прославата, илјадници луѓе (според некои проценки до 500,000Leyda, Kino: A History of the Russian and Soviet Film, (London: George Allen and unwin Ltd., 1960), 19.) биле пристигнати на полето. Помеѓу луѓето се рашириле гласини дека нема доволно пиво за сите, и дека во емајлираните чаши кои се давале како подарок имало златник. Редот не можеле да го одржат 1,800 полицајци, и се случило катастрофално стампедо.
Наводи
Категорија:Настани во Москва Категорија:Руска Империја