Света Марина () — ранохристијанска црква во селото Шемолтос, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Архитектура Храмот е откриен по Втората светска војна. Претставува проста трикорабна базилика. Надворешните ѕидови немаат рамномерна дебелина — источниот е 0,80 м, северниот 0,90 м, а јужниот 0,84 м. Од атриумот на базиликата е зачуван само еден ѕид. Нартексот има димензии 13,30 × 2,50 м. Во него водат две врати од запад, а други две се наоѓаат на северниот и јужниот ѕид. Наосот има надворешни димензии од 16,80 × 13,30 м. Се влегува преку три врати од нартексот спроти секој кораб на наосот. Трите кораба се поделени со столбови, широки 0,66 м. Трите јонски капитела од базиликата се во малата црква „Св. Димитриј“, изградена на растојание од 200-300 м. Поради скромните димензии, храмот веројатно имал галерија. Целиот под на базиликата бил покриен со плочи со димензии 0,35 × 0,25 м.
Врз остатоците од конхата на апсидата е изграден истоимен параклис.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Марина, Шемолтос Марина, Шемолтос