Свети Јован Претеча () — женски манастир кај селото Дервент, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот се наоѓа на околу 1 км северозападно од Дервент и 24 км од Валовишта. Нуди убава глетка на Бутковското Езеро и планината Беласица. Изграден е во 1981 г. и претставува еден од најважните женски манастири во државата, под духовно раководство на светогорскиот манастир Ксенофонт.

Во манастирот се чуваат мошти на Свети Јован Претеча, Апостол Јаков Праведниот (Братот Христов) и Света Ана. Во 2012 г. новата манастирска црква е осветена од патријархот Вартоломеј I. Храмот зафаќа површина од 500 м2 претставува точна копија на старата црква на манастирот Ксенофонт — светогорски крстокуполен храм од X век. Изграден е наполно од традиционални материјали — камен, мермер и тули. Сестринството се занимава со иконопис и минијатура, како и со земјоделство.

Западната фасада на црквата е изградена за да изгледа истоветно на катедралата „Св. Софија“ во Охрид.

Поврзано Валовишка епархија

Наводи

Надворешни врски Портал на манастирот

Јован Претеча, Дервент Јован Претеча, Дервент Јован Претеча, Дервент Јован Претеча, Дервент Категорија:Појавено во 1981 година Категорија:Беласица