Свети Петар и Павле () — црква во селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|200п|Избришана фреска пред влезот на црквата Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во средината на XIX век. Претставува трикорабна базилика со димензии од 14 × 9 м. На исток има една полукружна апсида. На северниот крај на тремот има четириаголна кула изградена во 1955 г.

Внатрешноста на црквата е нова. Храмот е уништен во пожар во 2000 г. и подоцна обновен. Уништени се галеријата на западниот ѕид, дрвените тавани, фреските, иконостасот со икони на кулакиски мајстори, владичкиот престол, амвонот и проскинитарите. Над јужниот влез, обликуван со камен околувратник, има траги од фреска на покровителите, апостолите Петар и Павле. Околу вратата има и траги од фрески кој покажува дека западниот и јужниот ѕид биле живописани до висина на галеријата.

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Рамна Богородица, Рамна Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Категорија:Појавено во 1850 година Петар и Павле, Петгас