Свети Димитриј () — црква во селото Владово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквае е гробишен храм сместен во североисточниот дел на селото. Изградена е во 1818 г. Во дворот, североисточно од црквата, има остатоци од скриена црква, подоцна користена како костурница во османлиско време.

Храмот е трикорабна базилика со женска црква и припрата. Обновен е во 1949 г., запазувајќи го оригиналниот план.

Царските икони и другите икони на иконостасот се од средината на XIX век, дело на месни зографи. Во храмот се собрани вредни икони од црквите во тој дел на Воденско, од кои најстарата е од 1609 г. Три преносливи икони се од XVII век, две од XVIII и 41 од XIX век.

Трите најстари икони — „Христос Седржител“, „Света Недела“ и Света Петка“ и „Свети Атанас“, а книгите се земени од денес пропаднатата црква „Св. Дионисиј Олмписки“, чии урнатини стојат во месноста Селиште. Тој храм е основан околу 1600 г. и напуштен во 1820 – 1830 г. Трите икони се дело на месни мајстори со јасно видливо западномакедонско влијание. Двете икони од XVIII век се на Свети Ѓорѓи и на Свети Димитрија и имаат впечатливи народни украси.

Црквата „Св. Димитриј“ е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Димитриј, Владово Димитриј, Владово Димитриј, Владово Категорија:Појавено во 1818 година